А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Жерновски: Престанете со игорантскиот и понижувачки однос кон лекарите!

by А1он19/11/2012 - 15:1219/11/2012 - 15:13241
Share0
Лидерот на ЛДП, Андреј Жерновски  најостро реагира  на  игнорантскиот и понижувачки однос на премиерот  Груевски и министерот за здравство  Тодоров , но за жал и на дел од медиумите,  кон штрајкот на лекарите.
„Премиере, министре, денеска видовте дека, колку и да се трудите да ја убедите јавоста дека не постои, штрајк постои, лекарите ви покажаа дека не се невидливи, туку дека тоа се луѓе со име и лик, луѓе образовани и луѓе од чија добра работа зависи животот на сите нас.Министре, не ги затворајте очите и не ја пикајте главата како ној во песок пред проблемот. Овие луѓе се  на страната на вистината, науката, здравството, но пред се на страната на сите граѓани, особено  пациентите“, пишува Жерновски во реакцијата.
Престанете, вели,  со заканите и притисоците, зошто  лекарите не се фела која се плаши.
„Ако вие вчера, на маратонската седница, зборувавте за се и сешто, и додека се обидовте да ја замајувате  јавноста со розовата состојба во здравството и големите идеи за реформи, не најдовте време ни една секунда да споменете дека 1.400 специјалисти, на кои им се придружува веќе и другиот медицински персонал,  се револтирани од Вашиот однос, дека бараат само услови за работа и соодветно вреднување.Министре, лекарите не работат во фабрика за произведување клинци, па да барате од нив работа на парче, па така да ги наградувате или казнувате. Лекарската професија не се мери на парче. Таа е стручна и одговорна. Позначајно е една операција и еден спасен човечки живот, од вашите субјективни критериуми“, стои во реакцијата на лидерот на ЛДП.
Побара да се престане и со вршењето  притисок врз медиумите да не објавуваат информации за она што се случува.
Штрајк има и за тоа јавноста треба да биде информирана. Како  го исперете срамот дека главниот и одговорен уредник на „Дневник“, поднесе оставка, бидејќи забранивте и при самото печатење, исфрливте текст од весникот за  штрјкот во здравството.Разбудете се и отворете ги очите, штрајк има, има и незадовослтво, но Вие треба да седнете и со лекарите да најдете заеднички јазик. Животот на луѓето е пред се!„, стои во реакцијата на Андреј Жерновски.
ldpzdravstvozernovski

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Горан Наумовски06/03/2026 - 12:30

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 13:55

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

Горан Наумовски19/02/2026 - 12:12

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Горан Наумовски16/02/2026 - 12:07

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он23/01/2026 - 19:41

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

Горан Наумовски16/01/2026 - 12:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен