Жерновски: На 11. декември јас ќе гласам за здружената опозиција

Од:

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, го соопшти својот јасен став дека на 11.декември ќе гласа за здружената опозиција.
Еве што напиша Жерновски:

Драг пријателе,
Македонија веќе десет години е управувана од криминална, длабоко корумпирана, себична и насилна власт. Ова веќе не е мое или твое мислење, ова е факт.

Денеска започнува изборната кампања за парламентарните изборите кои ќе се одржат на 11 декември. И сакам да знаеш, твојот глас никогаш не бил поважен за иднината на нашите деца.

На 11 декември, има само два избори. Има само два правци.
Првиот избор води кон продлабочување на сиромаштија и доиселување на нашите најблиски. Кон дозадолжување на цели поколенија, насилство врз слободната мисла, доуништување на правдата и слободата. Тоа е правецот во кој десет години се движиме, тоа е правецот кон кој Груевски ќе не’ носи и понатаму.
Вториот избор не’ води кон промени. Промените не’ водат кон прекин на поделбите и омразата. Не’ водат кон искоренување на сиромаштијата и задржување на младите дома. Не’ водат кон правда, еднаквост и услови за добар живот во Македонија. Не’ водат кон конечно разбивање на криминалната мрежа на власта, во која десет години е вплетена Македонија.

Јас знам дека промените може и да те плашат, бидејќи тие носат неизвесност. Но убеден сум дека тоа е последниот страв кој ќе треба да го победиш. Победата над овој страв значи никогаш повеќе да не го почуствуваш стравот од незвесност, несигурност и неправда. Никогаш повеќе нема да се плашиш да ја кажеш својата мисла, да се плашиш за личната сигурност или за опстанокот во Македонија.

Драг пријателе,
На 11 декември ти бираш!
Ти одлучуваш за себе и своето семејство!

И овој пат ќе нема други виновници за исходот. Иднината на земјата и на нашите деца е во наши раце!
Јас на 11 ДЕКЕМВРИ ќе гласам за ПРОМЕНИ! Ќе гласам за здружената опозиција и ќе ја преземам одговорноста за мојата земја.

Би можело да ве интересира

Жерновски: Нема услови за локални, но сега е вистинскиот момент за парламентарни избори?!?

А1он

Жерновски: Посакувам компромис за одлуката за избори

А1он

Жерновски: Избори ни се потребни што поскоро

А1он

Базен во новото училиште „Капиштец“

А1он

Жерновски: За изборите, Македонија и Центар

А1он

Општина Центар: ВМРО-ДПМНЕ преку судството ја почна одмаздата врз Жерновски

Ана Ололовска