(ВИДЕО) Жерновски: Ќе ја урнеме терасата на ВМРО-ДПМНЕ и се што е дивоградба во Центар

Од:

Законите во општина Центар ќе се применуваат, рече денеска на прес конференцијата, градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски и нагласи дека терасата на новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ е дивоградба и таа ќе се урива.

„Завчера добивме документ од Министерството за транспорт и врски, од кој се гледа дека второстепената комисија ја уважила жалбата да ГП Бетон само за да го спречи она што го најавивме. Ќе почекаме ова да заврши, но ве уверувам дека докрај ќе ја истераме одлуката.

Во Општина Центар Законот ќе се почитува и ќе уриваме се што е дивоградба. Бевме доволно конструктивни за таму да нема сцени за уривање, дадовме рок, но ако така сака градежното претпријатие и ВМРО-ДПМНЕ тогаш ќе го примениме законот до крај, рече Жерновски.

 

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина