Жерновски: Еве какви избори не’ очекуваат со ВМРО ДПМНЕ на власт

Од:

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски реагира на денешните скандалозни избори за студентски лидер. Еве што напиша Жерновски:

УКРАДЕНА ИДНИНА
Колку е само деградирачки ова што се случи денеска на студентските избори. Каква бедна демонстрација на насилство и самоволие!

Која и каква порака им се праќа на младите во нашата земја со денешните избори? После ова, верувам дека и последните 10% од студентите кои ја гледаа(т) својата иднина во Македонија, сега веќе размислуваат да ја напуштат. Срамно, жално и разочарувачки е да си студент денеска во Македонија.

Го гледам видеото каде преставници на партискиот подмладок, облечени во тесни маички и со црни наочари, насилно ги одземаат гласачките кутии. Насилно ја одземаат демократијата. Каква тажна и самоуништувачка инструментализација на младината! Препознатливото насилие и методи на партијата на власт, пресликани на млади луѓе. До тој степен е разорено и поделено општеството, што ни студентски избори не можат да се организираат без насилие и притисоци.
Би сакал да ги прашам директно. Што сакате да направите со нашата земја? Сакате да ги избркате сите кои не се со вас?

Се сеќавам, неодамна Груевски во едно од многуте монтирани интервјуа се жалеше дека “СДСМ сака да не’ претстави како нелуѓе со бомбите, како да сме ние чудовишта“.

Па зарем ова што тој и неговите сопартијци и’ го прават на Македонија, не личи на дело на чудовишта? Само тие и такви ја крадат иднината на младите.
И за крај, ако на некого досега не му беше јасно какви избори не’ очекуваат со ВМРО ДПМНЕ на власт, денеска можеше да се увери преку оваа студентска генерална проба Да не се залажуваме, Груевски ниту смее, ниту планира да направи фер и слободни избори, бидејќи таквите би ги изгубил. Но, тој треба добро да знае дека граѓаните нема да му дозволат избори како овие денешните.

Би можело да ве интересира

Жерновски: Нема услови за локални, но сега е вистинскиот момент за парламентарни избори?!?

А1он

Жерновски: Посакувам компромис за одлуката за избори

А1он

Жерновски: Избори ни се потребни што поскоро

А1он

Базен во новото училиште „Капиштец“

А1он

Жерновски: За изборите, Македонија и Центар

А1он

Жерновски: На 11. декември јас ќе гласам за здружената опозиција

А1он