Жерновски: Доста попуштаа попаметните!

Од:

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, на својот ФБ профил излезе со реакција и свој став по интервјуто на Зоран Заев на Сител ТВ.

Жерновски вели дека сега веќе е јасно дека опозицијата, без суштинска реформа и регулација на медиумите, не смее ни да помисли да оди на избори.

Еве што напиша Жерновски:

Доста попуштаа попаметните!

Велат дека не треба да се расправаш со “помалку паметен”, бидејќи тој ќе те спушти на негово ниво и таму ќе те победи со неговото искуство. Но, доаѓаат времиња во кои веќе не е препорачливо попаметните постојано да попуштаат. “Помалку паметните” тоа си го толкуваат како страв и слабост, и со тоа владеат. Затоа е време да им се спротиставиме на сите нивоа, на секое место, во секое време. Тие друг јазик не знаат и не разбираат. Зоран вечерва го покажа и го докажа тоа. Тој го извади на површина целиот нивни бес, омраза и безобразлук, а граѓаните сами можеа да пресудат со кого си имаат работа. Сега, конечно, меѓународната заедница имаше шанса да го види реалниот третман на опозицијата во провладините медиуми. Сега, конечно, власта, преку главниот протагонист, го покажа своето вистинско лице.
Па сепак, да се потсетиме.

Последниот пат кога Груевски “си дозволи” да гостува во интервју, кое не е однапред наместено , беше кај Роберт Поповски, на “Канал 5”, пред околу 4 години. Толку за независност на медиумите. Сега веќе е јасно дека опозицијата, без суштинска реформа и регулација на медиумите, не смее ни да помисли да оди на избори!

Би можело да ве интересира

Обвинителството го повлече обвинението против Латас за случајот „Тревник“

Катерина Ѓуровски

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни

Судењето против Латас и Лазаров одложено за 19 јуни

ВИДЕО: Латас и Лазаров пред судија – се одложи судењето за сексот во фиќо

А1он

Судот донесе решение: Латас остана без пасош, а нему и на Лазаров им е ограничен јавниот настап

А1он

Освен обинение, ОЈО бара на Латас да му се одземе пасошот, а тој и Лазаров не смеат да имаат јавни настапи

Горан Наумовски