(ВИДЕО) Жерновски до Петрески: Каде ќе одиш по паѓањето на власта?

Од:

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски на протестот пред МТВ на сите им честиташе за издржливоста во битката за слободен и професионален Јавен сервис.

Овој период, рече, кога сме преокупирани со референдумот за ГТЦ, кој ќе се одржи идната недела, само една телевизија не дошла на ниту еден настан поврзан со референдумот иако е тоа нејзина законска обврска, а тоа е МТВ.

Тој потсети дека пред 14 години во времето на една сериозна криза, еден човек, говорел и се борел за слобода преку А1, тоа е одговорниот уредник на информативната програма, Горан Петрески.

Сега рече Жерновски тој одлучил да биде слуга на овој режим.

Жерновски го праша – Каде ќе оди по паѓањето на власта?

На вториот на кој што тогаш му било понудено да работи за власта, одлучил да работи за слободата, тоа е Генералот Ангелов.

„Нема амнестија за оние кои ја окупираа МТВ, за оние кои ја окупираа и украдоа државата. Сите заедно за слобода на МТВ, за слобода на Скопје и за слобода на Македонија“, беше јасната порака на Жерновски.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Поддржуваме над 50 граѓански организации, и во следниот мандат граѓанскиот сектор ќе биде активно вклучен во работата

Новотни: Во Центар транспарентни одлуки со јавна трага и урбан развој што го става човекот пред привилегиите

Герасимовски: За 50 отсто го зголемуваме надоместокот за новороденче

Герасимовски: Исчистена депонијата под Кале, не дозволуваме центарци да се гушат во смет

Герасимовски: На 19 октомври да гласаме „За Центар што го сакаме“, единствениот и победнички концепт за развој на Центар

Герасимовски најави нова градинка, двосменско работење на градинките, бесплатни оброци за ученици и два нови покриени базени