Жени се тепале во Карпош, па се вмешале и мажите – еден е ранет со нож

Од:

Вчера претпладне две жени физички се пресметувале во скопската населба Карпош 3 во близина на Воената болница, по што се степале и нивните мажи, при што еден од нив со остар предмет го повредил другиот, соопшти полицијата.

„На 26.07.2021 во 11.30 часот било пријавено дека на ул.„Драгиша Мишовиќ“, на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу А.А. и И.С.К., двете од Скопје. Исто така, во врска со случајот, околу 11.40 часот било пријавено дека на истата локација, по претходна расправија, С.А.(34) со остар предмет му нанел повреда на В.К.(37), двајцата од Скопје. Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош“, С.А. околу 18.00 часот сам се пријавил во Единицата за насилен криминал во Полициската станица Кисела Вода и со него бил извршен разговор. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син