Жена удрена од автомобил во Кочани, возачот избегал

Од:

Вчера во Кочани се случила тешка сообраќајна несреќа во која 51-годишна жена е тешко повредена, соопшти полицијата. Жената ја удрил 31-возач на „Рено“, кој по несреќата избегал од местото на несреќата, но подоцна бил откриен.

„На 29.06.2021 во 16.00 часот од Јавната здравствена установа – Кочани во Полициската станица Кочани било пријавено дека на 21.06.2021 околу 19.30 часот, на крстосница од ул.„Страшо Ербапче“ и ул.„Роза Петрова“, патничко возило „рено“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(31) од Кочани удрило во пешакот Д.И.(51) од Кочани и го напуштило местото на незгодата. Во незгодата Д.И. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани од страна на лекар на 29.06.2021, кога таа се јавила на лекарски преглед“, велат од МВР.

На местото на несреќата увид извршила кочанската полиција.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари