Жена повредена по пад од трети кат во Охрид – Уапсени двајца мажи

Од:

Двајца мажи на вораст од 32 и 21 година се уапсени откако жена паднала од третиот кат на зграда во Охрид денеска. Во соопштението на МВР не е прецизирано зошто се уапсени мажите и дали се работи за обид за убиство.

Жената е веднаш пренесена во болница, нема информации за нејзината состојба.

Во соопштението од МВР се вели:

„ Денеска во 11.10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека од трети кат на зграда на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, паднала жена која потоа со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Во врска со настанот, во 11.45 часот, на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, лишени од слобода се А.Д.(32) и Е.М.(21) двајцата од Охрид.“

На местото на настанот, увид вршат Јавен обвинител и полициски екипи и се преземаат мери за целосно расветлување на настанот, велат од СВР Охрид.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ