Жена повредена од заталкан куршум во Тетово

Од:

Во тетовската полиција вчера било пријавено дека жена е повредена од заталкан куршум. Повредената жена била пренесена за укажување лекарска помош во тетовската Клиничка болница.

Во 18.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека 59-годишната тетовка С.Ш. во дворот пред семејната куќа на улица „ЈНА” во Тетово била погодена од заталкан куршум, информира МВР.

Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и се расчистува и документира случајот.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски