Желев: ЕУ и Грција да го признаат уставното име на Република Македонија

Од:

Сите ние треба да го поддржиме стремежот на Македонија за полноправно членство во ЕУ и НАТО, изјави поранешниот бугарски претседател Жељу Желев на јавна дискусија на тема „Улогата на граѓанско-експертскиот потенцијал во надворешната политика на Бугарија во контекст на ’Црвениот картон’ на Софија кон Скопје за преговорите со ЕУ“.

– Не треба да го пресекуваме патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Секако, таа мора да ги задоволи сите критериуми и услови кои важат и за другите балкански земји кои веќе станаа полноправни членки на ЕУ и НАТО. Евроатлантската интеграција треба да биде политика на сите нас за обединување на балканските земји. Тоа е апсолутно неопходно, рече Желев.
Бугарија е првата земја што ја признава независноста на Македонија на 15 јануари 1992 година, токму кога Желев беше шеф на државата.

Тој ја повтори својата теза дека главниот виновник за проблемот со името на Македонија е Европската комисија.

– Како може да се дозволи други да го решаваат името на една држава. Овој механизам за донесување одлуки со целосен консензус е идиотизам. На тој начин буквално им се овозможува на соседите да се расправаат со државата која се разгледува, нагласи Желев и ги повика ЕУ и Грција да ја признаат Македонија под уставното име.

Според него, „правото да се избере името на сопствената држава е свето право и никој не може да го прекрши“. Желев рече дека спорот за името „Македонија“ е сличен на тоа која сега некој би го оспорил името „Грција“ затоа што во историјата на земјата таа не се викала само Грција, туку и Византија и Елада.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски