А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Жбогар: Охрид треба да користи повеќе средства од пристапните фондови за развој на туризмот

by А1он24/09/2018 - 21:08211
Share0

Околу 18 милиони евра од претпристапните фондови на ЕУ за поддршка на проекти во Македонија се наменети за развој и унапредување на туризмот. Тоа е голема шанса за туристичките центри, особено за Охрид како најпозната туристичка дестинација во државата, беше истакнато на вечерашната трибина со граѓаните што ја организираше Канцеларијата на Европската унија во Македонија.

Добивај вести на вибер

Евроамбасадорот Самуел Жбогар посочи дека Европската унија години наназад ги поддржува сите проекти кои се во насока на развој на општеството и подобар живот за граѓаните.

– Терминот „заедно“ е клучен збор овие денови не само во Македонија туку и во Унијата, пред се поради предизвиците со кои во моментот се соочува Европа во меѓународните односи. Заедништвото во Унијата значи меѓусебна солидарност на земјите, луѓето заеднички да се справуваат со проблемите, да изнаоѓаат решенија во полза на сите, да промовираат заеднички вредности… Доколку тоа важи за земјите-членки, верувајте дека тоа уште повеќе се однесува на земјите аспиранти за ЕУ како Македонија, нагласи Жбогар, притоа користејќи аналогија дека пловењето по немирни мориња секогаш е побезбедно во поголемите бродови, отколку во мали чамци.

За придобивките на туризмот по влезот во ЕУ, Жбогар го посочи примерот на неговата родна Словенија каде пред влезот во Унијата туризмот учествувал со пет проценти во Бруто домашниот производ, а околу четири проценти од населението било вработено во туристичкиот сектор. По влезот во Унијата, туризмот учествувал со 12 проценти во БДП, а во туристичката дејност работат 20 проценти од граѓаните.

Охрид досега има искористено само четири милиони евра од европските фондови, а локалната самоуправа најавува формирање на т.н. проектна секција во рамки на општината во која ќе бидат ангажирани лица кои ќе работат на изработка на проекти со кои би аплицирале за добивање финансиски средства од европските фондови.

– Ќе објавиме јавен повик за сите заинтересирани за изработка на проекти да се приклучат. Ќе следи период на нивно тестирање, интервјуирање и на крајот селекција. Најдобрите дваесеттина-триесеттина ќе ги приклучиме во рамки на Општина Охрид да работат на искористување на структурните, претпристапните фондови, рече градоначалникот Јован Стојаноски.

Најави дека следната година најголем дел од средствата од буџетот на општината ќе бидат насочени кон изработка на квалитетни проекти со кои ќе се аплицира во ЕУ фондовите. – На последниот повик за „конкурентност на туризмот“ Охрид аплицираше со проектот за реконструкција на Кејот на Охридското Езеро, за кој е изготвен основен проект, добиено е конзерваторско решение и ја чекаме водостопанската согласност. Се надеваме дека во ноември ќе ги добиеме средствата, рече Стојаноски.

Слични трибини со граѓаните, Делегацијата на ЕУ во Македонија веќе реализираше во Струмица, Гостивар и Крушево.

ohridturizamzbogar

Би можело да ве интересира

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Горан Наумовски05/02/2026 - 07:54

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски04/02/2026 - 20:2104/02/2026 - 20:45

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Горан Наумовски28/01/2026 - 11:27

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 09:2512/01/2026 - 15:02

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски09/01/2026 - 09:3309/01/2026 - 12:33

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Горан Наумовски08/01/2026 - 09:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен