А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Жбогар очекува реакција од Брисел и деблокада на грчката граница

by А1он15/02/2017 - 14:18124
Share0

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска изјави дека ЕУ и Брисел внимателно го следат проблемот со блокадата на граничниот премин Евзони од страна на грчките земјоделци и очекува дека во најскоро време ќе следи реакција и обид за негово трајно решавање.

Следете a1on на Instagram Instagram

Тој за овој проблем денеска при посетата на општина Гевгелија разговарал и со градоначалникот Иван Франгов, кој неодамна и преку писмо испрати барање за посредување и помош од ЕУ за деблокирање на границата, затоа што, како што посочил, огромни се штетите што ги трпат и двете страни, а посебно Македонија и Гевгелија.

– Имам сознание дека двете влади се обидуваат да најдат начини како да го олеснат овој проблем со пренасочување на сообраќајот преку Дојран и Битола. Исто така добив информација дека добра кои се со ограничен рок на траење ќе бидат дозволено да се пренесат преку овој гранчен премин. ЕУ и Брисел внимателно го следат овој проблем и очекувам дека во најскоро време ќе следи реакција и обид за трајно решавање на овој проблем, рече Жбогар одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Гевгелија.

Запрашан за почитичката ситуација во земјата, евроамбасадорот само кратко одговори дека е оптимист, дека ќе се реши политичката криза во земјата и дека наскоро ќе се соберат потребните 61 потпис за формирање на влада во Македонија.

Следете a1on на Youtube YouTube
granica

Би можело да ве интересира

Пламна пожар на границата меѓу Србија и Хрватска – гореше шума и ниската вегетација

Горан Наумовски17/08/2026 - 15:24

Застој на „Евзони“ за влез во Македонија – се чека и по 4 часа на 36 степени

А1он31/07/2026 - 18:2131/07/2026 - 19:34

Метеж на граница кон Грција – за излез од Македонија се чека околу два часа

А1он25/07/2026 - 08:5525/07/2026 - 09:11

На 5 јули стартува системот за заедничка гранична контрола со Србија

Горан Наумовски25/06/2025 - 15:28

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

A1on20/05/2024 - 12:0820/05/2024 - 12:48

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ09/05/2024 - 12:2009/05/2024 - 12:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео