Жбогар на средба со шефот на централниот изборен штаб на ДУИ

Од:

Досегашниот тек и начинот на кој се одвива изборната кампања за предвремените парламентарни избори беше главна тема на разговор на денешната средба меѓу амбасадорот на Европската унија во Македонија Самуел Жбогар и шефот на централниот изборен штаб на ДУИ Беким Незири во седиштето на ДУИ во тетовска Мала Речица.

– Заеднички заклучок беше дека кампањата тече без проблеми и во мирна атмосфера и оти така треба да продолжи со цел на 11 декември да се спроведат мирни, фер и демократски избори, изјави Незири по средбата, а амбасадорот Жбогар не даде изјава за медиумите.

Средбата, нагласи Незири, што беше иницирана од амбасадорот Жбогар и траеше околу еден час.

– Заеднички заклучивме дека до денеска немало никаков проблем поврзан со кампањата и очекуваме дека во мирна атмосфера ќе продолжиме со изборниот процес. Не очекуваме згоемување на некаков притисок до денот на изборите и на таков начин овозможуваме на секој граѓанин во Република Македонија на мирен, демократски и фер начин да се произнесе на 11 декември за кој политички субјект ќе гласа. На тој начин сме еден чекор поблиску до евро-атлантските структури, рече Незири.

Одговарајќи на прашање околу реториката што се употребува во кампањата и за ставот на амбасадорот Жбогар, Незири рече дека евроамбасадрот смета дека досега се исполнети сите услови за кредибилни избори, но нагласил дека до 11 декември има уште време.

– Се надеваме дека ќе продолжиме во овој дух на мирни и демократски избори. На секои избори малку се зајакнува реториката. Тоа беше и примедбата од страна на амбасадорот, што помалку да има националистичка реторика и реторика што на некој начин индиректно би влијаела да имаме избори што би биле под своевиден притисок, односно избори што би ескалирале, рече Незири и потенцира дека не очекува да има некаква ескалација до денот на изборите.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Нов договор – втор по ред со нови сомнежи за Бурим Латифи кој е повторно во центарот на скандалот во МЕПСО

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

ДУИ: Бараме итна истрага за Бурим Латифи за штетата од шест милиони евра во МЕПСО

За ДУИ, владата на Мицкоски е неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот

Мерко им се налути на Ахмети и ДУИ, не го бранеле како Беџети и Дехари

ДУИ: Пад од 61 отсто на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година

Предраг Петровиќ