Зградата на кумановското ЈП „Водовод“ повторно приклучено од ЕВН

Од:

Административната зграда на ЈП „Водовод“ од денеска повторно е приклучена на електрична енергија. Основниот суд Куманово го усвои решението на предлогот на „Водовод“ и му наложи на „ЕВН“ да ја приклучи електричната енергија на административната зграда.

– Се надевам дека оваа ќе биде последна вест за исклучување струја на претпријатието и дека на шести авгст со склучување договор со новиот снабдувач на електричната енергија, согласно Законот за либерализација на пазарот на електрична енергија вакви појави нема да бидат дел од нашето секодјевние. Се надеваме дека ќе склучиме нов договор со кој ќе имаме поефтини сметки за електрична енергија од 20 до 30 проценти и оти овие средства ќе ги реинвестираме во наплата на заостанатиот долг кон ЕВН, изјави денеска директорот на „Водовод“,Горан Стојковски.

Портпаролот на ЕВН Македонија,Атанас Ковачевски денеска изјави дека компанијата останува отворена и подготвена, како и секогаш за надминување на проблемот.
ЕВН поради долг од 60 милиони денари ја исклучи електричната енергија на административната зграда на ЈП „Водовод“ на 20 јули годинава.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе