Зголемено присуство на нитрати во селските чешми во кумановските Горно Коњаре и Табановце

Од:

Екипите на кумановскиот Центар за јавно здравје по спроведените анализи утврдија дека водата од селските чешми во селата Горно Коњаре и Табановце има зголемено присуство на нитрати, што според лекарите од јавната здравствена установа е вообичаено за руралните средини, поради користење на ѓубрива за земјоделските површини и остуство на канализациона мрежа. Во останатитите чешми во селата во поширокиот кумановски регион водата од чешмите е бактериолошки исправа за пиење.

Во јули и август, информираат од Центарот за јавно здравје извршени се анализи на земените мостри од локалните водоводи во селата Горно Којнаре, Табановце, Сопот, Костурник, Романовце, Агино село, во Старо Нагоричане и Драгоманце во општина Старо Нагоричане и во Матечје, Виштица, Ропаљце, Виштица и Оразаре во Липково и од двата чепа на чешмата од минералната вода во Проевце.

Водата за пиење од ЈП “Водовод” е исправна за пиење, информираат од Центарот за јавно здравје. Досегашните анализи кои ги спроведуваат Центарот, интерната лабараторија на претпријатието и Институтот за јавно здавје Скопје, покажуваат дека микробиолошкиот и хемискиот квалитет на водата се исправни.

-Освен редовни анализи, согласно законската регулатива, се спроведуваат и дополнителни испитувања, така што не постои можност неисправна вода да протече низ цевководот, објаснува доктор Мимоза Величковски, специјалист по хигиена, од Центарот за јавно здравје.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски