Зголемени индексите на цените на угостителските услуги

Од:

Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2018 година, во споредба со август 2018 година, е зголемен за 0,2  отсто, објави Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување  е забележано во групите храна за 0,2 отсто, алкохолни пијалаци за 1,5 отсто и безалкохолни пијалаци за 0,4 отсто, додека намалување е забележано во групата ноќевања за 0,3 отсто.

Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 3,1 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2018 година, во однос на  истиот период од минатата година, е зголемен за два отсто, додека во однос на декември 2017 година е зголемен за 1,6 отсто.

Би можело да ве интересира

Поскапува еуросупер БС-95, цените на другите горива не се менуваат

Орце Костов

Дел од маркетите ги зголемиле цените, Пазарен инспекторат ќе проверува дали купувачите се доведени во заблуда

Орце Костов

Ќе се намалат цените на храната, а маркетите наместо 40 отсто ќе имаат рабат од 10 отсто

Орце Костов

Ковачевски тврди дека цените се намалени за 10 до 30 отсто, Статистика објави намалување од само еден процент за август

Орце Костов

Мицкоски: Им фалат пари во буџетот, затоа зголемуваат данок на основни производи

Ковачевски: И 10 отсто е повластена стапка, имаме најнизок ДДВ