Зголемена стапката на морталитетот во Македонија, повеќе умираат мажите

Од:

Бројот на умрени лица во земјава минатата година бележи раст од 0,1 процент. Повеќе умираат мажите и тоа во просек за 4,9 години порано од жените, а во над една третина од случаите причина за смртта се болести на циркулаторниот систем, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.

Според месецот на смртта, најголем број случаи, 2 010, се регистрирани во јануари, а најмалку, 1 518, во април.

Од вкупно починати 20 201, поголем број 10 604 или 52,5 проценти се мажи, наспроти 9 597 или 47,5 отсто жени.

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.9 години, односно 76.8 години кај лицата од женски пол или за 4.9 години е повисока просечната возраст кај жените.

Умрени доенчиња се 47, а нивното учество е 0.2 % на 100 умрени лица.

Според Меѓународната класификација на болестите најголемо учество во вкупно умрените лица имаат умрените од болести на циркулаторниот систем со 36.7 %, потоа неоплазмите со 19.6 %, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести со 7.7 %, болестите на респираторниот систем се застапени со 4.1 % и следат останатите, но со помала застапеност.

Би можело да ве интересира

Интернет користи 92,1 отсто од населението во земјава

Зголемени цените на угостителските услуги

22 проценти од населението во Македонија во 2023 година живеело во сиромаштија

Номинален раст, а реален пад во трговијата со храна, пијалаци и тутун

Катерина Ѓуровски

ДЗС: Поскапеа услугите за транспорт и складирање, но и телекомуникациите

Негативен природен прираст и во второто тримесечје, 1.135 помалку родени од умрени

Горан Наумовски