Зголемена смртност на Кардиохирургија нема, разрешен сум противзаконски – Шокаровски вели дека има хајка против Клиниката

Од:

Разрешениот медицинскиот директор на Клиниката за кардихирургија д-р Марјан Шокаровски денеска на прес конференција праша дали и зошто некој сака да ја затвори и уништи Клиниката за државна кардиохирургија?

Моето разрешување е незаконско, бидејќи во мандатот на техничката влада не може ниту да се именуваат, ниту да се разрешуваат раководители, рече Шокаровски.

Докторот додава дека дополнително бил разрешен и координаторот за развој на кардиоваскуларната хирургија Александра Ефтимова и го раскина договорот на координаторот за срцева трансплатација Адријана Ѓорѓиев.

„Од тука се наметнува нашето прашање, дали се работи за оркестриран напад против државната кардиохирургија, а со тоа и напад на здравството. Која е потребата на министерот во заминување да направи едно вакво тектонско пореметување на една успешна приказна, кому тоа одговара?, Ги повикувам релевантните институции кои треба да се грижат за законитоста во оваа држава итно да реагираат“ рече Шокаровски.

Вчера министерот Демири истакна дека разрешувањето е поради информации за зголемена смртност на Клиниката и дека 170 пациенти не биле регуларно внесени во „Мој термин“ и немаат отпусно писмо или прилог кон умреница, а таквата бројка Демири вели дека може да ја промени и вредноста на исходот.

„Очигледно изворот на податок ги довел до заблуда и им дал погрешни бројки, а тие не се потрудиле да ја слушнат и другата страна што е основен принцип во објективноста. Токму поради ова направивме сопствена експертиза статистичка. Од анализата дојдовме до објективни заклучоци кои ги побиваат сите претходно изречени невистини од страна на министерот во заминување, и одредени медиуми. Прво не е точно дека се зголемила смртноста отккао сум јас назначен за раководител на институцијата, прецизната статистичка анализа покажува дека нема значајно зголемување на смртноста од една страна, а има значајно зголемување на тежината на комплексноста на пациентите за околу 20%. Второ и позначајно, постои тренд на намалување на смртноста низ последните пет месеци“, вели Шокаровски

Според него, членовите на Комисијата кои се назначени од министерот да ја анализираат работата на Кардиохирургија и да ги толкуваат бројките за смртност се „доктори кои немаат никаков контакт со вакви пациенти, ниту практично искуство во кардиохирургијата“.

„ Назначените доктори од страна на Демири немаат никаков контакт со кардиохируршки пациенти, ниту пак практично искуство во кардиохирургијата. Еден од членовите на Комисијата беше противкандидат за директор на Клиниката пред шест месеци. Постои наука во медицината која се вика медицинска статистика и таа е релевантна област која може и треба да ги даде процентите. Тоа што слушнавте од одредени медиуми е селективно и комплетно мешање на бројки и дијагнози, во временски периоди како што им одговарало, со цел да се прикажат се полоши резултати и посензионационалистички резултати. На пример во јули 2023 објавено е дека се оперирани 12 пациенти – податокот не е точен, оперирани се 22 пациенти. За август 2023, податокот е дека се 11, а оперирани се 14 пациенти, за октомври податокот е дека се 8, а оперирани се всушност 16 пациенти. Очигледно изворот на податоци ги довел до заблуда и им дал погрешни бројки, а тие не се потрудиле да ја слушнат другата страна, кажа Шокаровски.

Докторот е дециден дека не се зголемила смртноста на Клиниката откако тој ја предводи од раководната позиција. Последните пет месеци покажуваат дека смртноста е пониска од предвидената, односно од параметарот „Евроскор 2“, односно подобри сме од она што се очекува, потенцира Шокаровски. Директорот потенцира и дека не постојат фантомски пациенти и тоа лесно може да се провери, да се провери дека сите имаат отпусно писмо и медицинска документација.

Инаку Шокаровски пред новивнарите кажа дека е на боледување во моментов и дека морал да биде на терапија и дополнителна за да би можел да присуствува на денешната прес конференција. Што значи дека неговото разрешување доаѓа додека тој е на боледување, а не на работното место.

Би можело да ве интересира

Шокаровски повторно медицински директор на Кардиохирургија

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

„Не може да се дојде до термин на државна кардиохирургија“: Пациентите незадоволни откако Фондот ги намали операциите во приватните клиники

A1on

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

A1on

Пациентите оставени на цедило: Фондот ги намали операциите на срце во приватните клиники

A1on

(ВИДЕО) Кој кого нападна на Кардиохирургија: „А1он“ доби снимка од „инцидентот“ помеѓу Јовев и Шокаровски

A1on