Зголемена раздвиженост на граничните премини кон Грција

Од:

Продолжениот викенд и почетокот на годишните одмори предизвикаа поголема раздвиженост на патници на граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ кон Грција.

Командирот на граничниот премин Богородица Васил Тунев, информира дека ударниот бран туристи денеска бил од 7 до 10 часот кога на излез од Македонија автомобилите чекале 25 минути, а автобусите до 30 минути, додека на грчка страна задржувањето било подолго.

До 14 часот, како што рече, на граничниот премин „Богородица“ земјата ја напуштиле 5.890 лица, а во Македонија влегле 2.564 лица.

Моментно граничниот премин „Богородица“ е речиси празен, но според Тунев нов зголемен бран туристи се очекува доцна попладнево и во раните вечерни часови.

Многу порелаксирана е состојбата на граничниот премин „Дојран“, каде ударниот туристички бран бил од 8 до 10 часот претпладнево.

Помошник командирот Славе Георгиев соопшти дека автомобилите и автобусите се пропуштале експресно за две до три минути и дека на граничниот премин „Дојран“ и во моментот нема гужва. До 14 часот на „Дојран“ од земјава излегле 571, а влегле 271 лице.

Би можело да ве интересира

Германија воведува контроли на своите граници

Горан Наумовски

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

A1on

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција