Зголемена невработеноста во Струга, како последица на пандемијата

Од:

Рестриктивните мерки воведени поради пандемијата со корона вирусот принудија голем број компании да го намалат обемот на работа или целосно да го прекинат процесот на производство. Тоа пак резултираше со голем број отпуштања на лица кои делумно или целосно останаа без своите приходи.

Ова е заклучокот од панел дискусијата „Предизвици на пазарот на труд во време на пандемија“ што се одржа денеска во Струга во организација на Центарот на заедницата на општина Струга во соработка со Младинскиот културен центар – Битола, како дел од проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата” со поддршка на Меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска.

Само во Струга бројот на активни баратели на работа од март до август годинава се зголемил за околу 30 проценти.

Маријан Ѓорѓески од Агенцијата за вработување во Струга информира дека во март имало 3.142 активни баратели на работа, додека во август бројката се искачила на 4.294. Нема драстична промена во бројот на пасивни баратели, односно во март имало 2.578, а во август 2.739.

– Бројот на активни баратели драстично е зголемен и поради мерката со ваучерите што ги даваше Владата, се пријавуваа само формално. Во Струга секоја година се регистрирани околу 3.000 активни и исто толку пасивни баратели на работа, посочи Ѓорѓески.

Тој забележа дека има голем број отпуштања од работа, што резултира со зголемување за околу 50 отсто од претходните години на корисници на паричен надоместок.

– Отпуштање има од сите сектори. Неколку пати дојдоа поголеми текстилни фирми, им се затворил пазарот во странство го преполовија бројот на вработени со најава доколку се отвори пазарот повторно ќе ги вратат на работа. Голема компанија го намали работното време од 40 на 20 работни часови, но сега пак ги врати на 40 работни часа неделно, додаде Ѓорѓески.

Потсети на владините мерки што се реализираат преку Агенцијата за вработување, како што се грант од 5.000 евра за репроматеријали за самовработување, субвенционирање плати, за што годинава интересот бил зголемен.

– Во Струга конкретно за вакви субвенции минатата година аплицира 30-тина фирми, а годинава бројката достигна 97. Активни се и мерките за кредитирање на работодавачи, како и за доквалификација и преквалификација, младински додаток од 3.000 денари на плата за лица до 23 години што ќе се вработат во индустриско производство, рече Ѓорѓески.

Економската поддршка од државата во време на пандемија, според Ѓоко Милески од Центарот на заедниците во Струга, е многу значајна за компаниите за полесно да ја надминат кризата и да ги задржат вработените на своите работни места.

– Кризата особено влијаеше врз фирми основани и водени од едно лице, посебно од управуваните од жени, како и врз лица кои работат неформални бизниси и се корисници на социјални бенефиции. Со огромни потешкотии во обезбедување егзистенција се соочија лицата кои на пазарот на трудот се со статус на привремено вработени или хонорарно ангажирани, а тоа вработување е единствен нивни приход, заклучи Милески.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Во Струга пронајдена почината жена

Автомобил излета од „Партизанска“ во Струга, тешко повреден е возачот

Горан Наумовски