Зголемен водостојот на Дојранското Езеро

Од:

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на останатите две природни езера во земјава се исти како вчера.

Согласно последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Дојранското Езеро е за 2,65 метри повисок од просекот за ноември, додека нивоата на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просечните и тоа за 15 сантиметри кај Охридското и за 1,58 метри кај Преспанското Езеро. Со тоа водостојот на Преспанско Езеро на мерното место кај ХС „НАКОЛЕЦ“ е осум сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм), а на Охридско Езеро е еден сантиметар над дозволениот минимум 693,10 (мнм).

Пониски од просечните се и нивоата на речиси сите реки во земјава. Исклучок се реките Бабуна, на мерното место кај Богомила, и Црн Дрим кај Ложани каде водостојот е малку повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината. Сепак, кај дел од нив се бележи благо зголемување на нивото во споредба со вчерашното.

Би можело да ве интересира

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридско Езеро, Преспанско под апсолутниот минимум

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Намален водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска