Зголемен интересот за згрижување деца без родители во Куманово

Од:

Се зголемува бројот на семејства кои сакаат да згрижат деца без родители и родителска грижа во Куманово. Според надлежните, ова се должи на националната кампања што ја спроведуваат Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ.

Директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјални работа, Александра Арсовска истакна дека во текот на изминатиот период е намален бројот на деца сместени во големите институции и до крајот на годината се очекува сите да бидат сместени во згрижувачки семејства или мали групни домови. Како што посочи, потребно е заинтересираните згрижувачи да поднесат барања, да поминат обука и на тој начин да станат дел од системот на згрижувачи со цел во секој момент да има интервентно сместување.

– Заинтересираните треба да се полнолетни, да не им е одземена деловната способност, да се психо-физички здрави, да го имаат решено станбеното прашање. Приоритет не треба да биде материјалната добивка која семејството треба да ја добива, туку љубовта и желбата да се згрижи дете, додава Арсовска.

Директорката Арсовска изрази надеж дека во наредните години со одредени законски измени паричниот надомест кој го добивааат згрижувачите ќе биде зголемен.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски