Зголемен бројот на туристите и на ноќевањата

Од:

Во периодот јануари – јуни 2021 година, во однос на истиот период претходната година, бројот на туристите е зголемен за 42,5 отсто, додека бројот на ноќевањата за 54 проценти.

Според Државниот завод за статистика, кај домашните туристи во овој споредбен период има зголемување за 97,8 отсто, а кај странските за 8,3 проценти. Во однос на ноќевањата, зголемувањето кај домашните туристи е за 87,2 отсто, а кај странските за 27,9 проценти.

Бројот на туристите во јуни 2021 година изнесувал 47 167 и од нив 47,2 отсто биле домашни туристи, а 52,8 странски. Бројот на ноќевањата, пак, изнесувал 117 701 и од нив 52,6 проценти биле од домашните, додека 47,4 од странските туристи.

Би можело да ве интересира

Нестабилноста на Блискиот Исток ја забавува турската летна сезона и ги пренасочува туристите кон ЕУ

Бројот на туристи во Грција зголемен за 38 отсто во споредба со лани

A1on

Влатко Сулев: Туризмот е најдобриот амбасадор на нашата култура и традиција

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски