Зголемен бројот на туристи во Македонија

Од:

Вкупно 60.775 туристи ја посетиле Македонија во мај годинава, а бројот на ноќевањата изнесувал 142.912 што во однос на истиот месец лани е зголемување од 8,3, односно 10,4 проценти.

Според Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи во мај 2012 во однос на мај 2011 е зголемен за 7,6 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 8,8 проценти. Бројот на ноќевањата на домашните туристи е зголемен за 6 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи за 14,1 процент.

Во периодот јануари-мај 2012 во однос на истиот период претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5,8 отсто, кај домашните туристи има зголемување за 1,7 проценти, а кај странските 8,6 отсто. Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 2,9 отсто, кај домашните туристи има намалување од 0,9 проценти, а кај странските е забележано зголемување од 6,2 процента.

Би можело да ве интересира

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Мицкоски: Растот на куповната моќ и туризмот се доказ дека државата оди напред

Нестабилноста на Блискиот Исток ја забавува турската летна сезона и ги пренасочува туристите кон ЕУ

Бројот на туристи во Грција зголемен за 38 отсто во споредба со лани

A1on

Влатко Сулев: Туризмот е најдобриот амбасадор на нашата култура и традиција

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата