Зголемен бројот на странските туристи во септември за 8,1 процент

Од:

Бројот на туристите во септември годинава изнесува 60.428, а  на ноќевањата 166.343. Во однос на септември лани  во државава имало за 3,1 процент повеќе туристи и за 13,9 проценти повеќе ноќевања, објави денеска Државниот завод за статистика.

Бројот на домашните туристи во септември 2012 година, во однос на септември 2011 година е намален за 6,2 проценти, а на странските е зголемен за 8,1 проценти.  Кај ноќевањата на домашните туристи има зголемување за 5,9 проценти, а на странските за 19,1 проценти.

Во периодот јануари-септември годинава, во однос на истиот период  лани статистиката  евидентира дека бројот на туристите е зголемен за 2,5 проценти. Притоа кај домашните туристи има намалување за 3,6 проценти, а кај странските зголемување за 9,1 процент. Во тој споредбен период  е забележано намалување на ноќевањата за 1,7 проценти,  при што кај  домашните туристи има намалување за 6,3 проценти, а кај странските зголемување за 8 проценти.

Би можело да ве интересира

Нестабилноста на Блискиот Исток ја забавува турската летна сезона и ги пренасочува туристите кон ЕУ

Бројот на туристи во Грција зголемен за 38 отсто во споредба со лани

A1on

Влатко Сулев: Туризмот е најдобриот амбасадор на нашата култура и традиција

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски