Зголемен бројот на лекарски интервенции во Куманово

Од:

Службата за итна помош од Куманово регистрира од 10 до 15 проценти зголемен број на интервенции од почетокот на летото, информираа денеска лекарите од оваа здравствена установа.

Тие посочуваат дека најчесто помош бараат хронично болните лица.

– Често се јавуваат пациенти кои имаат симптоми како зголемен крвен притисок, повраќање и гадење, изјави доктор Марјан Спирковски, раководител на службата за Итна помош од Куманово.

Лекарите ги советуваат хронично болните редовно да ја земаат пропишаната терапија, да не излегуваат на сонце во периодот од 10 до 17 часот, а доколку мора да излезат, да носат лесна и светла облека и да внесуваат доволно течности.

Според лекарите, во овој период од годината често се јавуваат и пациенти кои бараат помош за стомачни заболувања.

– Најчесто станува збор за деца, но заболуваат и повозрасни лица. Симптомите се дијареа, општа малаксаност, гадење, повраќање, вртоглавица и главоболки, вели доктор Спирковски.

Како превентивни мерки лекарите ги посочуваат темелното миење на овошјето и зеленчукот и правилното чување на храната. На граѓаните кои патуваат на одмор им се препорачува да носат вода и храна која не е лесно расиплива и за време на патувањето да избегнуваат брза храна.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане