Зголемен бројот на кражби во Прилеп

Од:

Прилепската полиција во последниве месеци има полни раце работа. Полициските билтени покажуваат дека од почетокот на оваа година има значително зголемување на бројот на кражби во општина Прилеп. Во 2012 година биле извршени 88 кражби, од кои само 24 случаи се расветлени, а во првите четири месеци на 2013 година има драстично зголемување на бројот на кражби.

– Во првите четири месеци од 2013 година во Прилеп се извршени 86 кражби во куќи, станови и викендици. Тоа значи дека има зголемување на бројот на кражбите во однос на лани. Од нив се расветлени 32 – велат од МВР.

Севкупното полициско работење е насочено кон примена на законски и превентивни мерки за откривање и спречување на криминалитетот во сите појавни форми и облици. Во Прилеп веќе не е реткост граѓаните да ангажираат патролни служби, па и додека се во куќата за безбедноста на нивниот имот се грижат професионални чувари.

Изминативе години во пораст е малолетничката деликвенција, велат од МВР. Лани се регистрирани 124 случаи на незаконски престапи, а бројката во 2011 била 55, но загрижувачки е и фактот за асоцијалното однесување на децата дури и на 9-годишна возраст. Постојано расте бројот на малолетници што се евидентирани како сторители на одредени прекршоци и кривични дела.

Од Центарот за социјална работа истакнуваат дека со измените на Законот за малолетничка правда зголемен е обемот на работа, нагласувајќи дека е потребно во иднина да се зголеми соработката со училиштата во општина Прилеп во насока на ублажување на овие аномалии.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он