Зендели: Коалиција на БЕСА, Алијансата и Алтернатива е формула за изборна победа на албанскиот блок

Од:

Тројната коалција за која се во тек преговори помеѓу Движењето БЕСА, Алијанса за Албанците и Алтернатива е формула за сигурна победа во албанскиот блок на наредните предвремени парламентарни избори предвидени за 12 април, оцени денеска пратеникот од БЕСА Фадил Зендели.

Тој изјави дека Движењето БЕСА на последниот состанок на Централното претседателство што се одржа во вторникот уште еднаш потврдиле дека се за тројна коалиција меѓу Движењето БЕСА, Алијанса за Албанците и Алтернатива. Очекуваат одговор од Алијанса за Албанците и Алтернатива во насока на, како што рече, реализирање на мисијата што ја поставиле.

– Од Алтернатива имаше разни изјаснувања од нивни функционери, но нема изјаснување од нивните партиски структури. Очекувам дека нивните партиски структури ќе рефлектираат во насока на она што е интерес на сите три политички партии. Овие три политички партии како основа на своето функционирање го имаат менувањето на политичката клима, посебно кај Албанците во Северна Македонија, да има промени во албанскиот блок, рече Зендели. Тоа, додаде, е заедничка основа, база кон која сите три политички партии можат да се стремат и да соработуваат.

Зендели потенцира дека се подготвени да разговараат со Алтернатива на највисоко политичко ниво на средба, а досега имале индивидуални контакти. Од Алтернатива, истакна, нема конкретен одговор, се разговара, а од Алијанса за Албанците има подготвеност.

Алијансата за Албанците, како што изјави пратеникот Сурија Рашиди, сериозно пристапува кон овој процес и смета дека треба да има соработка и коалиција меѓу трите партии, со цел, како што рече, да не дозволиме парцијализација на гласовите кај Албанците.

– Не ми се допаѓа дека ова станува топ тема, како да е прашање на живот и смрт. Мислам дека поважно на овие избори е фактот дека ДУИ конечно ќе оди во опозиција, без разлика дали ќе се постигне некоја коалиција на овие партии. Ние како главна опозициска партија сериозно пристапуваме кон овој процес и мислиме дека треба да има една соработка и коалиција меѓу овие три партии се со цел да не дозволиме парцијализација на гласовите кај Албанците, изјави Рашиди во Собранието.

Тој посочи дека има позитивна клима и оцени дека на крајот ќе успеат со тројна коалицијата.

– Битно е дека ние треба да се подготвуваме за овие избори. Наш приоритет е да излеземе со што подобра програма пред граѓаните и ДУИ конечно на 12 април ќе оди во опозиција, рече Рашиди.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда

АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој

Алијансата за Албанците: Хакирани сме од злонамерници

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски