(ВИДЕО) Зендели: Ќе го поддржиме законот за јазиците, иако не го нуди она што го бараа Албанците

Од:

Ќе го поддржиме законот за јазиците, иако не го нуди она што го бараа Албанците, изјави пратеникот Фадил Зендели од Беса и го обвини претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, дека манипулал со цел да нема дебата.

„Ни беше оневозможено да го образложиме амандманот. Им се даваше збор на други пратеници. Груби рече дека овие обраќања ќе бидат неограничени со цел да нема дебата. Ние со нашата реакција покажавме незадоволство. Како Беса ќе го поддржиме овој предлог-закон, но со амандманите сакавме да го подобриме. Не сме задоволни од законот бидејќи остава отворени многу прашања.“, рече Зендели.

Тој обвини дека Груби го прекршил деловникот, со оглед на тоа што не им дал збор на пратениците кои се јавиле од Беса и рече дека ќе се спротистават на неправилностите.

Според него, ДУИ ја продолжува праксата на блокади која ја имале во минатото додека биле во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе останеме во комисијата доколку се почитува деловникот. Немаме намера да седиме на неплодни дебати. Ако продолжат ваквите сценарија, нема да учествуваме“, реле Зендели.

Додаде дека со ова нема да се официлизира албанскиот јазик, а тоа не било она што Албанците го барале, меѓутоа ќе гласаат бидејќи предлог-законот ја унапредува употребата на албанскиот јазик.

Рече дека Беса бара албанскиот да биде втор официјален јазик во Македонија.

Претходно поради пратениците на Беса беше прекината Комисијата за европски прашања, на која се разгледува предлог-законот за јазиците.

Пратениците на БЕСА за време на комисијата бараа збор, но претседателот на Комисијата, Артан Груби, не им даде, по што тие почнаа да тропаат по масите во знак на протест.

К.Ландов

Би можело да ве интересира

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски

Движење БЕСА: Криминалците на ДУИ се заменуваат со криминалци на Ахмети

Горан Наумовски

БЕСА: ДУИ да не ја штити платата на Беким Незири од 3000 евра, туку и да го исклучи од партијата