Земјотреси во охридско, 4.1, 2.5 и 3.7 степени

Од:

Земјотреси со јачина 4,1, 2,5 и 3,7 повторно го тресат охридското епицентрално подрачје.

Првиот земјотрес ги вознемири охриѓани во 21 часот и 31 минута. Епицентарот на земјотресот е на 11 километри северо-источно од Охрид и на 6 километри источно од Косел, на длабочина од 5 километри.

Во 21 часот и 58 минути имаше втор земјотрес, на 7 километри источно од Охрид и на 8 километри југо-источно од Косел, на длабочина од 5 километри.

Во 22 часот и 52 минути имаше и трет земјотрес, на 14 километри северо-источно од Охрид и на 8 километри источно од Косел, со длабочина од 2 километри.

Од 18 јуни до денеска во Охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси.

Најсилниот регистриран земјотрес досега беше од 5 степени по Рихер кој предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а беа пријавени и помали материјални штети.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Русија – 5,8 степени по Рихтер

А1он

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Земјотрес почувствуван во Кичево, Охрид и околината

Земјотрес во Македонија

А1он

Бројот на загинати по земјотресот во Авганистан се искачи на над 2.000

А1он

Уште еден силен земјотрес во Авганистан