Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Од:

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 6 часот и 32 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 130 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.6.

Како што стои во соопштението, според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападниот дел од Републиката и тоа во Охрид и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Би можело да ве интересира

Почувствуван земјотрес во југоисточна Македонија, епицентарот во Грција

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски

Земјотрес во Грција

Земјотрес почувствуван во државава, епицентарот во Грција

Земјотрес почувствуван во западните и југозападните делови на Републикава, епицентарот во Грција