Силен земјотрес ја стресе Албанија, почувствуван и во земјава

Од:

Два силни потреса се регистрирани вечерва во Албанија. Првиот земјотрес е со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 21:15 часот со епицентар кај местото Хамале, кај Драч, на длабочна од 10 километри.

Веднаш по првиот беше почувствуван вториот потрес.

Според Топ чанел жителите на Драч и покрај обилниот дожд се надвор од нивните домови.

Двата потреса се почувствуваа во земјава, најсилно во дебарско каде што предизвикаа вознемреност кај жителите.

Два помали земјотреси попладнево се регистирани повторно во Турција, каде најмалку 21 лице досега го загуби животот, а над 1.000 се повредени во земјотресот кој вчера ја погоди источна Турција.Најмалку 30 лица останаа затрупани под урнатините на зградите по синоќешниот земјотрес.

Би можело да ве интересира

Почувствуван земјотрес во југоисточна Македонија, епицентарот во Грција

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Албанија: Фрлени молотови коктели врз владата

Албанија го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Земјотрес во Грција