ВИДЕО: Земјотрес од 6.4 степени во Драч, силно тресеше и во Македонија

Од:

Силен земјотрес од 6.4 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во 3.55 часот утринава.

Земјотресот со епицентар во Драч, Албанија, беше почувствуван и во земјава, но и во Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Италија, Косово, Србија и Црна Гора.

Земјотресот се случил на 164 километри западно од Скопје, близу местото Рушкул, над градот Драч, во Албанија. Во текот на претходниот час, регистрирани се и два други посилни земјотреса со 4,8 и 3,1 степени. 

Дел од граѓаните од страв излегоа надвор на улица, бидејќи земјотресот силно се почувствува во земјава, а во Драч можни се и поголеми штети. Илјадници жители се излезени на улиците во Тирана и останатите градови блиски до епицентарот, јавуваат мештаните.

Би можело да ве интересира

Почувствуван земјотрес во југоисточна Македонија, епицентарот во Грција

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Албанија: Фрлени молотови коктели врз владата

Албанија го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Земјотрес во Грција