Земјоделец загина откако му се превртел тракторот

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека е пронајдено тело на човек од штипското село Стар Караорман, кој загинал при несреќа со трактор.

„На 13.10.2021 во 22.06 часот во СВР Штип, било пријавено дека во 21.50 часот во атар на с.Стар Караорман, штипско, бил пронајден починат К.Ц.(43) од с.Стар Караорман.

Според пријавеното, околу 16.00 часот тој отишол да врши земјоделски работи со трактор, при што се превртел и починал. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Штип. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан во Штип

ВИДЕО: Вандализирано најголемото штипско училиште „Ванчо Прќе“, наставата прекината

Катерина Ѓуровски

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

66-годишен маж загина во несреќен случај во близина на Струмица

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип