Овоштарите го блокираа патот Градско-Прилеп

Од:

Еден час траеше блокадата на регионалниот пат Градско – Прилеп кај Росоман со која овоштарите изразија револт поради немањето пласман, а исфрлија и праски.

Доколку не се реши проблемот, како што изјавија, протестот ќе се радикализира. Се размислува и за исфрлање праски пред Влада.

– Критериумите на рускиот пазар се зголемени, 50 денари гајба за домашен пазар, извоз скоро и да нема, рече претседателот на Здружение на овоштари „Росоманска долина” Игор Милошевиќ.

Росоманскиот градоначалник Стојанче Лазов рече дека цената е рекордно ниска, само гајбата чини 25 денари. Повика на барање алтернативни пазари и интервентно решавање на кризата зашто, нагаси, во прашање е доведен опстанокот на општината.

Овоштарите се заканија дека ќе ги исечат прасковите дрвца, а тогаш штета ќе има и државата. Имаат непотврдени информации за увоз на праски од Албанија и Грција.

Лазов најави дека за проблемот ќе се расправа и на седница на општинскиот Совет. Росоманско е најголем производител на праски во државата.

– Праските ќе ги фрламе, Наместо демагогија работа и решение, пишуваше на листовите кои ги носеа дел од производителите што протестираа.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

Филипче: Над 45 реализирани проекти во Росоман, поддршка за Стојан Николов за да продолжи напредокот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата