Земјена уметност: Стоп за малите хидроцентрални

Од:

Уметникот Адем Сулејманоски кој живее и работи во село Ростуше со земјена уметност или како што популарно се нарекува ленд-арт испрати порака за стопирање на изградбата на малите хидроцентрали.

Проектот „Стоп за малите хидроцентрали“ е изработен на брегот на реката Радика во близина на селото Присојница и е посветен на сè почестото уништување на планинските реки и водотеци со изградба на мали хидроцентрали кои исклучително негативнио влијаат врз целиот жив свет а особено врз ихтиофауната и крупните цицачи. Речната пастрмка, балканскиот рис, слатководните школки и ракови се само неколку од многуте загрозени видови во земјава на кои им се заканува исчезнување поради стратегиската определба по секоја цена да се искористи хидропотенцијалот на реките за производство на струја од мали хидроелектрани дури и во заштитени национални паркови.

Акцијата и ленд-артот се дело на ликовниот уметник Адем Сулејманоски кој живее и работи во село Ростуше во срцето на националниот парк Маврово кој исто така е под закана од издавање концесии за малии хидроцентрали. Преку акцијата, авторот сака да го подигне гласот за проблемот со малите централи и да алармира дека при издавањето на концесиите не се внимава на заштита на загрозените видови и воопшто на биодиверзитетот. На овој начин авторот со својот уметнички печат едновремено сака и да ја поддржи борбата на еколозите за зачувување на биодиверзитетот и одржлива животна средина.

Ленд-артот „Стоп за малите хидроцентрали“ е дел од серијата ленд-артови со еколошка тематика кои авторот ги работи оваа пролет. Изработката е финансиски поддржана од Фондацијата отворено општество Македонија.

Би можело да ве интересира

Еко-свест: Елаборатите за малите хидроцентрали одат пред Уставен суд

Се раскинуваат Договорите за концесија за седум мали хидроелектрични централи во Националниот парк Шар Планина

(ВИДЕО) Ковачевски: Ревитализација на големите хидроелектрани за долгорочна стабилност на енергетскиот систем

Ана Ололовска

Зегин со свој придонес во големата еко акција „Скопска Црна Гора ја поздравува пролетта”

Ана Ололовска

Стопанска комора: Трите хидроелектрани на Маркова Река воопшто не се дел од ГОИЕ

А1он

Маркова река затрупана при изградбата на малите хидроцентрали тврдат екологистите

Катерина Ѓуровски