Земени мостри од бачилото во гостиварското село Симница

Од:

Ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со надлежното ветеринарно друштво и стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина вршат контрола на одгледувалиштето за овци во гостиварското село Симница со цел утврдување евентуално присуство на заразна болест кај добитокот и евентуална причина за појава на болест од која две лица починаа, а уште седум се лекуваат на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека земени се мостри за лабораториско испитување од добиточната храна и водата во одгледувалиштето, како и од производите од млеко и сирење кои се произведуваат во бачилото. Земена е и крв од овците за дијагностичко испитување со цел утврдување на евентуалниот причинител на заразата.

На одгледувалиштето зголемени се и биосигурносните мерки, а во текот на денот ќе биде извршена и комплетна дезинфекција и дератизација.

– Заради спречување ширење на евентуална зараза, изречени се мерки за забрана за движење на стадото и обврска за задолжително пријавување на евентуално заболени или угинати животни до надлежното ветеринарно друштво, се наведува во соопштението од АХВ.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Продолжуваат контролите на зелените пазари

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник

Горан Наумовски

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ