Зелената транзиција заглави: Над 400 градинки и училишта ќе користат дрва и нафта за греење

Од:

Најголемиот дел од училиштата и градинките во Македонија користат греење добиено од фосилни горива и директно придонесуваат за загадувањето на животната средина и врз последиците од климатските промени поради високата мисија на јаглероден диоксид.

Болници, градинки, училишта, касарни, судови се дел од објектите кои и оваа година ќе се греат се греат на нафта, јаглен и на дрва затоа што не се направи промена на начинот на греење кај огромен број на јавни објекти иако според Владата, приоритет оваа година и следната е зелената транзиција кон обновливи извори на енергија.

Владата донесе стратегија за развој на енергетиката до 2040 година како еден од најзначајните стратешки документи за нашата земја во областа на енергетиката и одржливиот развој. Во стратегијата, во столбот декарбонизација, меѓу другото, се препорачува промовирање на обновливите извори на енергија на начин што обезбедува одржлив развој.

Но, податоците велат дека оваа грејна сезона 414 училишта и градинки ќе се грејат на дрво или на нафта, а не на енергија добиена од обновливи извори.

Според регистарот на Министерството за животна средина за јавни објекти во локалните самоуправи, вкупно 142 училишта и градинки за грење ќе користат дрво. Во Оштина Демир Хисар, која е една од најнеразвиените локални самоуправи во земјава, има дури 13 училишта кои ќе користат дрва за да ги загреат училишните простории.

На екстра лесно гориво или обична нафта која исто така предизвикува големо загадување, ќе се греат 272 објекти. Од овие објекти, дури 117 се детски градинки ширум земјава, а 115 се објекти на основните и средните училишта.

Струјата како енергенс ќе ја користат 94 објекти во 80 општини низ Македонија. Меѓу нив најголемиот дел се градинки, вкупно 50 објекти кои навреме ги замениле своите системи за греење, а останатите установи се јавни претпријатија, библиотеки и музеи.

На природен гас ќе се греат само 16 објекти во општините Струмица и Куманово. Од нив се 11 градинки, три основни и средни училишта, ЈП Водовод од Куманово како и градска библиотека во Куманово.

На централно греење ќе бидат 62 објекти. Од нив се 15 училишта, а останатите објекти се градинки со нивните клонови.

57 објекти во локалната самоуправа ќе користат пелети кои се енергетски ефикасни и не загадуваат како дрвото. Повеќе од 30 објекти се градинки, останатите се основни и средни училишта, јавни комунални претпријатија и неколку административни општински згради.

Ниту еден објект во општините не користи мазут за греење, додека јаглен користи Домот на културата „Бели Мугри“ во Кочани. Објектот троши 10 тона јаглен годишно и нема опција во моментов да се замени со друго гориво.

Комбинирано греење ќе користат 40 објекти, најголем дел се градинки, но има и домови за стари лица, домови на културата. Овие објекти ќе комбинираат греење со нафта и струја, греење со нафта и пелети, дрво и нафта, нафта и гас, а основното училиште „Кочо Рацин“ од Кратово ќе комбинира греење на дрва, на нафта и со геотермална пумпа која е всушност обновлива енергија.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

Јакимовски до Јанева: Ако е моја обврска да го плаќаме греењето, зошто тогаш министерството дава пари?

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски