Зелен хуман град: Зошто постои МВР?

Од:

Државата ни стана дива лига, дива депонија и див запад каде што законот е само декларација на хартија, а институциите се евтина сценографија од стиропор. Напади се случуваат (без разлика дали жртвата е функционер или не) пред очите на полицијата, која претпочита да „не зазема страна“ без да добие директива од партиски штаб, наведуваат од иницијативата Зелен Хуман Град.

Нападите врз градоначалничката Данела Арсовска и службениците од Град Скопје најостро ги осудуваме, а уште повеќе ги осудуваме кукавиците од МВР, чие молчење и пасивност ја охрабруваат насилничката багра. Од една страна имаме партиски босови во блиндирани коли со лични шофери за секое кафе кои си усвоија закон за „безбедносни појаси“ околу Собрание, а од друга – секојдневни тепачки, убиства, сообраќајки и јавни закани за силување што ниту една институција на државата не се труди да ги спречи!

Партиските вработувања, слепото спроведување наредби, селективните казни и двојните аршини се причината зошто народот има нула доверба во полицијата. Ако немаш пари и партиска книшка, нема ни правда ни заштита за тебе. Во МВР сè уште има чесни професионалци кои се спречени да си ја вршат работата поради партиите, а некои се и злоупотребувани за партиски цели и интереси. Децениското уништување на иституциите нè доведе овде, до состојба во која дивјаштвото е правило, а редот е исклучок.

МВР, кога ќе ги уапсите и притворите дивјаците од Чаир?! Или чекате да убијат некого и да избегаат преку граница во багажник? НУЛА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА НАСИЛСТВО! ПОЛИЦИЈАТА Е ДОЛЖНА ДА ГО ШТИТИ ЈАВНИОТ РЕД И МИР, порачаа активистите на Граѓанска иницијатива ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД.

Би можело да ве интересира

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ

Променливо време со врнежи од дожд, на планините снег

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Во аферата „Епстин“, Македонија е спомната како извор на човечки мозоци за експерименти

Горан Наумовски

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски

Очекуван бум на црниот пазар за вејпови?! Лошите искуства може да се пресликаат на тезгите во Македонија