Зеќири од болница заминува дома, Апелација му го укина ефективниот притвор

Од:

Мухамед Зеќири излегува од затворот во Шутка. Ова е одлуката на скопска Апелација која е донесена денеска. Нему му е одреден куќен притвор, а од Инфективната клиника во Скопје каде престојува скоро месец ќе биде пренесен во затворот, па со полициска придружба на домашна адреса во Чаир. Апелационите судии го сменија мислењето откако Зеќири заврши на болничко лекување, а во останатиот дел, адвокатите на Зеќири посочија исти околности поради кои бараа да се укине ефективниот притвор.

„За осомничениот е одреден куќен притвор. Одземен му е пасошот“, велат од Апелација за „А1он“.

Засега не е познато кога ќе го пуштат Зеќири од болничко лекување. Тој се уште се наоѓа на Инфективната клиника во Скопје. Точната дијагноза, остана непозната за јавноста. Адвокатот Александар Трајковски, еден од тројцата бранители на Зеќири за „А1он“ посочи дека здравјето на осомничениот е сериозно нарушено. Трајковски посочуваше: „Некои од здравствените проблеми ги имаше, други се појавија во затворот. Комуникацијата со него стана тешка, беше под седативи“.

Обвинителката Катерина Коларевиќ, од медиумите дознала дека осомничениот не е во затворот во Шутка. Судот не ја известил дека тој е на лекување. Па така, ниту таа не знае која е точната причина што Зеќири еден месец пред да оди дома, се лекува на Инфективна. Од Кривичниот суд, половина недела не одговараат на прашањата од „А1он“.

Меѓу причините со кои се бараше укинување на ефективниот притвор е тоа што Зеќири тврди дека секогаш соработувал со органите на прогонот, има фамилија во Македонија, дека ако сакал да бега имал година и половина за тоа, дека не може да влијае на сведоци кои и за Обвинителството се непознати. За тврдењето на Обвинителството дека Зеќири може да избега бидејќи родителите на неговата сопруга живеат во Германија, осомничениот имаше кажано: „Тие живеат со нас, во Македонија, не се во Германија“.

 

Би можело да ве интересира

Зеќири ќе поднесе жалба на пресудата: Спроведував умисла на владата и Битиќи

Александар Тодески

Две и пол години затвор за Мухамед Зеќири, треба да врати и над 71 милион денари во државниот буџет

Александар Тодески

Во Кривичен пресуда за Мухамед Зеќири

Мухамед Зеќири ослободен од притвор и доби преквалфикација на делото поради измените во Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски

Не дојде сведок на одбраната, судењето против Мухамед Зеќири одложено за 24 октомври

Судењето против Мухамед Зеќири одложено за 6 јуни

Ана Ололовска