Зеќири ќе поднесе жалба на пресудата: Спроведував умисла на владата и Битиќи

Од:

Неоснована е казната затвор, вели поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири, откако доби 2 и пол години затворска казна за склучување на договор со фирмата Интерхолдинг за консултантски услуги за потенцијална приватизација на А.Д. Пошти и Железници транспорт.

„Преку адвокатскиот тим ќе ја обжалиме пресудата, бидејќи во целиот процес никаде и во ниту еден момент не беше докажана моја умисла во склучувањето на договорите. Јас само сум спровел умисла на други, односно на владата кои беа предложени од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи“, рече Зеќири.

Тој вели дека ако е потребно јавна набавка, тоа е експлицитно наведено, што немало во овој случај, но и дека никој во владата не се спротивставил на одлуката за договор во четири очи.

Ако остане истата одлука, на Зеќири му остануваат уште 11 месеци затвор, бидејќи останатото време до 2 и пол години, веќе го има поминато во притвор и куќен притвор.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски