Зеќири ќе остане во притвор, ексгенералниот секретар не ги убеди судиите дека нема да избега

Од:

Мухамед Зеќири останува во притвор во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. Ова е конечната одлука на Апелацискиот суд. Според нив, Обвинителството е во право со мислењето дека ексгенералниот секретар на Владата може да се даде во бегство или да влијае на сведоци. По јавната седница во петокот, одлуката е донесена денеска.

„Одлуката е потврдена“, велат од Апелација за „А1он“, посочувајќи дека Кривичен суд донеле исправна одлука.

Зеќири не успеа да ги убеди судиите на јавната седница дека и со куќен притвор или гаранција во имот, ќе се обезбеди негово присуство односно дека нема да ја попречува истражната постапка.

„Ниту имам намера, ниту зошто имам зошто да бегам и да се кријам од органите на прогон. Сакам да напоменам дека од предистражната постапка јас бев во тек поради функцијата која ја вршев. Јас потпишав да се дадат сите документи кои ги побарале од мене, било експедитивно процесуирано. Да сум сакал да бегам, сум имал простор повеќе од една година бидејќи знаев дека се води постапка. Кога беше првиотпат предложена мерката притвор, поднесов оставка, за да не ја попречувам истрагата која се води против мене. Не размислувам ниту имам зошто да бегам. Фамилијарен човек сум, се грижам за четири деца, имам две од првиот брак и имам двегодишна ќерка и посинокот на мојата сопруга кој е малолетен. Во однос на родителите на сопругата кои живеат во Гермаија, сакам да посочам дека тие сега живеат во Македонија, имаат регулиран престој. Тие живеат заедно со нас. Никој околности, немам намера, ниту имам зошто да бегам. Сакам во фер постапка да докажам дека сум невин во постапка“, кажа Зеќири пред судот.

Сега, треба да одлучува Кривичниот суд. Пред судија на претходна постапка е гаранцијата во имот вредна околу 280 илјади евра, која Зеќири ја понуди за да добие слобода.

Мухамед Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.

„Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија. Износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги“, пишува во соопштението на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.

Дента кога му беше одреден притвор, Зеќири даде оставка и од позицијата генерален секретар на Владата.

Би можело да ве интересира

Зеќири ќе поднесе жалба на пресудата: Спроведував умисла на владата и Битиќи

Александар Тодески

Две и пол години затвор за Мухамед Зеќири, треба да врати и над 71 милион денари во државниот буџет

Александар Тодески

Во Кривичен пресуда за Мухамед Зеќири

Мухамед Зеќири ослободен од притвор и доби преквалфикација на делото поради измените во Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски

Не дојде сведок на одбраната, судењето против Мухамед Зеќири одложено за 24 октомври

Судењето против Мухамед Зеќири одложено за 6 јуни

Ана Ололовска