(ВИДЕО) Зекири: Секој има своја теорија, јас видов како го вадеа Села

Од:

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев бил присутен во моментот кога напаѓачите го одвоиле пратеникот Зијадин Села од групата пратеници кои на 27 април беа во прес-салата, рече пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири, кој сведочеше во случајот за обид за убиство на Села.

„Колку што се сеќавам, Села стоеше на нозе, но беше наведнат во моментот кога напаѓачите го одвоија од толпата”, рече Зекири.

Обвинетиот Александар Јаневски, кој Зекири го посочи како едно од лицата кои го извадиле Села од прес-салата вкрстено го испрашуваше пратеникот.

„Кажавте дека јас сум го фатил за рака господинот Села, за која? Лева или десна?”, праша обвинетиот Јаневски, на што Зекири рече: „Мислам дека за десна”.

“Кога пристапи господинот Села, како бев свртен, спрема пратениците или спрема луѓето?”, праша обвинетиот Јаневски, на што Зекири рече: „Кога го фативме за рака, бевте свртени кон него”.

Зекири рече дека го кажал тоа што го видел на 27 април минатата година.

„Го кажав моментот како Села беше извлечен, препознав двајца а третиот кој носеше качулка го опишав. Се испразни салата кога го извлекуваа Села надвор, а понатаму немав видик што се случуваше. Секој може да има своја теорија, јас кажав што видов. Со навредливи зборови беше посочувано и моето име, ме бараа горе, додека го напаѓаа колегата Павле Богоевски“, рече Зекири.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Села: Моите очекувања секогаш кога има избори се да биде исполнета демократијата

Катерина Ѓуровски

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Ахмети и Села потпишаа коалиција

Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати

ВРЕДИ: Села и Лога имаат време до сабота да се предомислат