Зекири препозна две лица кои го извадиле Села од прес-салата

Од:

Пратеникот, Мухамед Зекири, посочи кон обвинетиот Александар Јаневски, за кого тврди дека прв се обидел да го извади Села од прес-салата, пред да биде претепан во Собранието. Тој посочи и кон обинетиот Сашо Сенков, за кого вели дека му помагал на првиот обвинет, Јаневски. На рочиштето за нападот врз неговиот колега, во својство на сведок, Зекири тврди дека кога Села бил изваден од прес-салата, тој бил веќе удуран со тврди предмети.

„Дел од пратениците поради ударите со тврди предмети, беа крвави. Меѓу нив, беше пратеникот Села. Не можев да видам кој го удри Села. Видов како лице со црн елек и црни наочари на главата го повлече Села и го изнесе надвор. Тоа лице е тука. Лице со црна фантомка помагаше и тоа беше едно од најнасилните. Лицата кои го вадеа Села надвор, не беа заштитнички настроени кон него“, рече Зекири.

Зекири со уште 4 пратенички за време на инцидентите во Собранието, се наоѓал во кабините за превод во галеријата на прес-салата.

„По изнесувањето на Села од салата, притисокот во салата спласна, а се преполови со луѓе“, додаде Зекири. Пратеникот Зекири видел повеќе лица, но не сеќава на сите. Тој, по неколку минути откако Села бил извлечен од прес-салата, добил прашање од новинарка дали Села бил мртов, но не одговорил.

„Дел од колегите пратеници, кога го виделе Села, помислиле дека сум јас, бидејќи исто имам долга коса“, рече Зекири.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Села: Моите очекувања секогаш кога има избори се да биде исполнета демократијата

Катерина Ѓуровски

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Ахмети и Села потпишаа коалиција

Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати

ВРЕДИ: Села и Лога имаат време до сабота да се предомислат