Во вечерашната дебата за правата на бранителите која се емитува во живо на Алсат телевизија, водителот Мухамед Зекири кажа дека биле поканети и од Здужението „Бедем“, но не дошле поради тоа што чекале од ВМРО-ДПМНЕ да одреди кој ќе дојде во емисијата.
„На оваа дебата беа поканети од „Бедем“ со кој стапив во контакт, контактирав со човек на организацијата, кој ме препрати до Илија Димовски во ВМРО- ДПМНЕ. Се јавив кај него и тој тоа го интерпретираше како провокација од моја страна. Јас го направи тоа што ме упатија луѓето од „Бедем“ кои ми рекоа дека треба да се јавам кај Димовски да одреди гостин, не сум имал намера никого да навредам или испровоцирам“, рече на почетокот на емисијата водителот Мухамед Зекири.
Гостин во емисјата е и Стојанче Ангелов кој рече дека Македонија ја надмина и Србија со тоа што на секој протест власта одговара со контрапротест.
„Таков е случајот и со Здужението на бранители „Бедем“. Знаете дека читаат од лист бидејќи не е напишано од нив. Кога сте побарале да учествуваат во емисијата ве упатиле кај Илија Димовски, така се навикнати зашто комуницираат само со Канал 5 и Сител“, рече Ангелов.