Здруженијата бараат измени на Законот за заштита и благосостојба на животните

Од:

Седумнаесет здруженија за заштита на животните бараат измени и дополнувања на Законот за заштита и благосостојба на животните кој е во собраниска процедура и пред сѐ законска забрана за еутаназија на бездомните животни.

Како што информира „Анима мунди“ со цел суштинско и квалитативно унапредување на Законот за заштита и благосостојба на животните тие поднеле коментари и предлог амандмани врз Нацрт законот за измена и дополнување на законот, изработени од нивното здружение и поддржани од 16 македонски здруженија за заштита на животните.

„Нашите коментари и предлог амандмани се достапни на порталот ЕНЕР. Предложените законски решенија се меѓусебно поврзани и прават една правна целина“, велат од „Анима Мунди“.

Фокусот во предлог законските измени кои ги доставуваат е ставен врз децидна забрана за еутаназија како механизам за справување со бездомната популација кучиња затоа што усмртувањето се применува со децении и не донело резултат. Понатаму, бараат дефинирање на дополнителни забранети постапки со цел да се унапреди заштитата и благосостојбата на животните, меѓу кои, забрана за трчање или влечење на животни заврзани за моторно превозно средство кое е во движење, забрана за чување на кучиња постојано врзани на ланец или во бокс, без да се овозможи слободно движење надвор од тој бокс, забрана за колење и усмртување на животни во ритуални обреди, надвор од кланици, забрана за одгледување на кокошки во основен кафезен систем, забрана за чување, одгледување и користење копитари во урбана средина, како и забрана за е користење на копитари за извлекување дрва.

Здруженијата бараат и воведување на можност директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, во случаи на прекумерно зголемување на бројот на уличните животни, да може да нареди мандаторна стерилизација на домашните миленици на одредена територија, на сметка на општината, општините во град Скопје односно градот Скопје.

Здруженијата се залагаат и за воведување нови законски одредби кои би овозможиле примената на законот да биде пофлексибилен, општините во недостиг на финансиски средства или инфраструктура, или по проценка на ефект да можат да спроведуваат програма за намалување на бројката бездомни животни во соработка со здруженија, ветеринарни станици, граѓаните (пример ваучер систем или мобилни клиники кои би опслужувале повеќе општини и сл). Како последна точка, од Анима Мунди бараат законско овластување на здруженијата за заштита на животни за спроведување одредени одредби на законот, вршење надзор, проверка на одговорното сопствеништво, т.е. измени од кои би произлегла можноста за наменски овластена служба за заштита на животните формирана од претставници на здруженијата за заштита на животни.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите