Здружението на производители на свињи и свинско месо „Гицко“ му донираше 10.000 заштитни маски за повеќекратна употреба на Министерството за здравство.
Маските се набавени од текстилната фабрика „ЕАМ“ – Штип, а се испорачани директно во Министерството за здравство во Скопје.
– Сакаме да придонесеме во борбата против коронавирусот и неговото ширење. Посебно ја цениме ангажираноста и пожртвуваноста на медицинскиот кадар кој го ризикува сопствениот живот за да спаси туѓ и сакаме да искажеме голема благодарност, истакнува престедателот на „Гицко“, Ефтим Шаклев.