Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Од:

Министерството за здравство ја информира јавноста дека министерот за здравство, Илир Демири ги прифаќа препораките на Комисијата за заразни болести за спречување на ширењето на голема кашлица (пертусис).

Министерот Демири, ќе донесе одлука со која на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе му наложи да постапува согласно законските надлежности предивидени со Закон за заштита на населението од заразни болести, како и да врши вонредни инспекциски надзори, односно увид во вакциналните потврди обезбедени од вакциналните пунктови за примена вакцина против голема кашлица.

– Министерството за здравство апелира до родителите дека најдобар начин за превенција на голема кашлица е вакцинацијата, затоа треба да ги вакцинираат своите деца. Вакцинацијата против голема кашлица во Република Северна Македонија се спроведува со комбинирани вакцини: Hexaxim (DTaP-IPV-Hib-HepB), Pentaxim (DTaP-IPV-Hib) и Tetraxim (DTaP-IPV). Според Календарот за имунизација, првата доза на вакцина се дава на деца на возраст со навршени два месеца, втората доза на возраст од 4четири месеци и третата доза на возраст од шест месеци. Првата ревакцинација се врши една година по комплетирањето на примарна вакцинација, на 18-месечна возраст. Втората ревакцина се дава во второ одделение, односно на 7-годишна возраст, објаснуваат од Министерството.

Би можело да ве интересира

Се испитува смртта на 14-месечното бебе, инспектори на Детската клиника и болницата Козле

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Комисија ќе утврдува дали имало грешки во лекувањето на бебето од Ресен кое почина по 30 часа од раѓањето

Катерина Ѓуровски

На Токсикологија работеле лица без договор за работа, Инспекторатот им забрани пристап до клиниката

A1on

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

A1on

Од понеделник Инспекторатот ќе изрекува забрани за прием на невакцинирани деца во градинките

A1on