Здравствени работници бараат повисоки плати, бенефициран стаж, инфективен додаток

Од:

Повисоки плати, бенефициран стаж, инфективен додаток за сите без разлика кој на кое работно место е, промена на колективни договори, побараа денеска здравствените работници од ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје.

Лазо Костовски, претседател на Независен синдикат на геријатрија, во изјава за медиуми истакна дека ниедна влада немала слух за здравството.

– Не само оваа влада, туку и наназад. Здравството пропаѓа, тоне. Првите наши барања, основни што се, тоа се покачување на платите линеарно за сите вработени, сакаме да се променат колективните договори. Особено општиот колективен договор, воопшто не е добар. Затоа што усогласување на минималната плата со колективниот договор и законот за минимална плата, не е усогласено. Треба да се направат измени и во законот за минимална плата и во општиот колективен договор. Договорите на дело, тие во овој момент страдаат повеќе затоа што доаѓаат на работа и саботи и недели и празници, работат за 20.175 денари, колку што е минималната плата, тие се криминални договори, рече Костовски меѓу другото.

Тој кажа дека условите за работа се катастрофални во некои здравствени установи, а апелираше и да се распишат огласи за нови вработувања.

Би можело да ве интересира

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

A1on

Независниот синдикат на здравствени работници најавува протести доколку нема усогласување на платите со минималната плата

ВИДЕО: Се решава статусот на 1.117 ангажирани во здравството

A1on

Протест на Независниот синдикат на здравствени работници

(ВИДЕО) Протест на здравствените работници: Меџити не кажува дали ќе им ги покачи платите

A1on

Штрајк на турските здравствени работници

А1он